Со хуманитарниот концерт „Калеидоскоп на звукот” на младите музичари Доминика и Симон Поповски, во Свечената сала на Офицерскиот дом – Културен и информативен центар – Битола и официјално започна концертната сезона во КИЦ Битола за 2024. На програмата беа три сонати од норвешкиот композитор Едвард Григ, рускиот гениј Сергеј Прокофјев и францускиот бунтовник Клод Дебиси.
Сите три сонати се динамични, носат во себе посебни стилски карактеристики, а се и технички и уметнички предизвик. Самите композитори се познати музички револуционери кои не биле љубители на правила, па така создале дела кои зрачат со живот.
Сите собрани средства ќе бидат донирани во Домот за доенчиња и мали деца – Битола.
извор: Тера телевизија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.