СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА, КАЈМАК и ОД РАЈОТ се трите наслови со кои Кинотеката ја започнува филмската програма во 2023 година.

КАЈМАК на Милчо Манчевски и СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА на Кристијан Ристески имаа одличен одѕив кај публиката, па практично на барање на филмофилите овие два наслови одново се на нашата филмска програма.

Кон нив го придружуваме и новиот наслов на секогаш интригантниот автор Срѓан Драгојевиќ, црната комедија ОД РАЈОТ.

По овој мини-вовед во кинотечната Нова година, следува Кино утро со филмски наслови наменети за младата публика.

 

4 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 18:00 ч. 

5 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч. 

СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА

(Snow White Dies at the End)

Игран филм, Македонија / Кипар

2022, 106 мин., колор, ДЦП

Режија: Кристијан Ристески (Kristijan Risteski)

Сценарио: Кристијан Ристески (Kristijan Risteski)

Улоги: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски, Давид Јанакиев (Natasa Petrovikj, Verica Nedeska, Sashko Kocev, Deniz Abdula, Ivica Dimitrijevikj, Tino Kostadinovski, David Janakiev)

 

Седум луѓе живеат во време и простор кои се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ на Боби, 20-годишен arkoman. Маја е „волк самотник“, не комуницира „очи в очи“ со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детство, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизацијата на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи.

СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА е дебитатнски филм на Кристијан Ристески, а со неговата премиера се затвори годинешново 43-то издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

4 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 20:00 ч. 

5 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч. 

9 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч. 

10 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч. 

11 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 20:00 ч. 

КАЈМАК

(Kaymak)

Игран филм, Македонија / Данска / Холандија / Хрватска

2022, 106 мин., колор, ДЦП

Режија: Милчо Манчевски (Milcho Manchevski)

Сценарио: Милчо Манчевски (Milcho Manchevski)

Улоги: Ана Стојановска, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Александар Микиќ, Сара Климоска, Филип Трајковиќ (Ana Stojanovska, Kamka Tocinovski, Simona Spirovska, Aleksandar Mikikj, Sara Klimoska, Filip Trajkovikj)

 

Неконвенционална љубовна приказна, но и критика на нелибералното лицемерие, КАЈМАК, седмиот игран филм на Манчевски ја следи ситуацијата во две семејства. Едното се млада и добро ситуирана брачна двојка која се обидува да добие дете, а другото се нивните соседи, кои живеат во куќарка подеднакво шарамантно распадната како и нивниот брак. Првите својот проблем ќе се обидат да го решат со роднина од село која ќе се всели кај нив, а вторите со примање на продавачката на кајмак во нивната заедничка постела. И двете семејства си ја бараат среќата, секое на свој начин. Оваа црна комедија под површината се занимава и со помрачни социјални прашања – сурогат родителство, неверство, улогата на жената во семејството и општеството, трговијата со луѓе, сексуалната слобода  итн., а светската премиера ја имаше на Токискиот филмски фестивал во 2022.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

 

9 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 17:00 ч. 

10 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 17:00 ч. 

11 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 17:00 ч. 

ОД РАЈОТ 

(Nebesa/Heavens Above)

Игран филм, Србија / Хрватска / Црна Гора . Словенија / Македонија

2021, 120 мин., колор, ДЦП

Rежија: Срѓан Драгојевиќ (Srdjan Dragojevic)

Сценарио: Срѓан Драгојевиќ, Марсел Аиме (Srdjan Dragojevic, Marcel Aymé)

Улоги: Горан Навојец, Ксенија Маринковиќ, Бојан Навојец, Наташа Марковиќ (Goran Navojec, Ksenija Marinković, Bojan Navojec, Nataša Marković)

 

После половина век комунизам и атеизам, во ексјугословенското општество се враќа христијанството. Оваа филмска алегорија со елементи на црна комедија е инспирирана од трите приказни на францускиот писател Марсел Аиме. Приказните за влијанието на чудата врз посткомунистичкото општество во транзицискиот период се одвиваат во 1993-та, 2001-ва и 2026-та година.

Појавата на чуда е одговор на колективната свест на промените, кои ја присилуваат целата заедница светот околу себе, превртен наопаку да го гледа воново светло и чудесна перспектива. Овој филм поставува некои од суштинските прашања на современиот свет – Веруваме ли во Христа или се поклонуваме на Златното теле – идолот кој ги опредметува парите, конзумеризмот и алчноста? Како да го разликуваме Божјиот Дар од Искушението на Ѓаволот? Кога е Божјата милост всушност клетва? ОД РАЈОТ е филм кој поставува бројни прашања, но не нуди едноставни одговори.

ОД РАЈОТ премиерно беше прикажан на Интернационалниот филмски фестивал во Локарно, по што учествуваше на повеќе европски и балкански фестивали: Котбус, СинИст, Балкан Панорама, Острава Камера Око, Валенсија итн.

Во август беше дел од официјалната програма на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Директор на фотографијата е Душан Јоксимовиќ, редовен соработник на Срѓан Драгојевиќ, со кого ја снимиле комплетната филмографија на режисерот: НИЕ НЕ СМЕ АНЃЕЛИ (Mi nismo andjeli /We Are Not Angels), 1992, УБАВИТЕ СЕЛА УБАВО ГОРАТ (Lepa sela lepo gore/Pretty Village, Pretty Flame), 1996, РАНИ (Rane/The Wounds), 1998, НИЕ НЕ СМЕ АНЃЕЛИ 2 (Mi nismo andjeli 2/We Are Not Angels 2), 2005, СВЕТИ ЃОРЃИ ГО УБИВА ЗМЕЈОТ (Sveti Georgije ubiva aždahu/St. George Shoots the Dragon), 2009, ПАРАДА (Parada/The Parade), 2011, АТОМСКИ ОД ДЕСНО (Atomski zdesna/Holidays in the Sun), 2014.

 

Возрасна категорија: 14 години 

Влезница: 100 денари 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.