На Институтот за македонска литература беа промовирани книгите „ Книжевноста низ критичката визура“ од Ана Мартиноска и „ Уметноста на дијалогот “ од Ана Јовковска.
Мартиноска во својата книга, пишувана како духовно спасение во време на корона кризата, прави критичка анализа на дела од македонски и европски писатели од последната декада, за кои смета дека се најдобри.
Во неа направив една интимна листа на омилена литература. Тоа се главно дела кои отвораат нови страници на македонската литература и храбро пишуваат за некои нови теми кои ја сензибилизираат јавноста за нов тип ангажирано писмо. И ја разбрануваат конзервативната матрица и каноните, рече Ана Мартиноска, авторка на книгата „Книжевноста низ критичката визура“.
А, пак Јовковска во нејзината книга поместила интервјуа со домашни писатели, направени по повод нивни нови објави.
Двете книги, ја истакнуваат ангажираноста да се зборува за деликатни прашања од стварноста, кажа промоторот, Гоце Смилевски.
И двете авторки имаат една извонредна задача пред самите себе поставено. И која апсолутно ја исполнуваат, можеме да кажеме со големо задоволство . А, тоа е да се детектира ангажираноста на овие дела , во однос на времето кое го живееме, кажа Гоце Смилевски, промоторот на книгите.
На Институтот за македонска литература во продолжение на настанот се одржа трибината „Книжевни дијалози“. Дијалозите се водеа за двете книжевни изданија на Институтот „Уметноста на дијалогот“ и „Книжевноста низ критичка визура“ коишто отвораат повеќе прашања за литературата денес, за спрегата на критиката и уметноста, за ангажираното писмо и за други книжевни теми и дилеми.
Покрај двете авторки, говорници беа Гоце Смилевски, Владимир Мартиновски, Александар Прокопиев, Фросина Пармаковска, Петар Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.