Народниот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот” вечерва во 20 часот ќе ја одигра претставата „Слуга на двајца господари” во режија на Ненад Витанов. Гостувањето е во рамките на манифестацијата „Гола месечина“, што ја организираат општина Аеродром и Театар Комедија.

Претставата е според Карло Голдони, имаше премиера во февруари 2020 година.

Сценографијата е на Филип Витанов, а костимографијата – на Катерина Чукниева. Улогите ги толкуваат: Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Симона Димковска, Самоил Стојановски, Славица Манаскова, Зорица П. Панчиќ, Кристијан Саздовски, Фаик Мефаилоски, Талија Настова, Весна Димитровска Бобевски, Кица Ивковска и Јордан Витанов.

„Слуга на двајца господари“ е позната и популарна комедија во историјата на светската драма и театар, напишана во 1746 година како типична комедија дел арте. Дејството е сместено во Венеција, а во основата се актерската импровизација и бурлеската со кои се карикираат личности од сите општествени слоеви.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.