Во рамките на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечерва, 08.07.2024г., ќе се одржи концерт на фаготистот Зоран Митев, по повод 40 години уметничка кариера, со почеток во 20:30ч. во Музеј на македонската борба

Настапуваат:

Зоран Митев – фагот

Членови на Уметничкиот центар „Полифонија“ – Скопје

Сања Шуплевска и Александра Колевска – виолина, Сашка Крстиќ – виола, Игор Шкерјанец – виолончело, Ѓорѓи Цинциевски – контрабас

 На концертот ќе бидат изведени дела од Гордон Џејкоб – Суита за фагот и гудачки квинтет, Томислав Зографски – Суита оп. 60 за гудачки квинтет, Ларс – Ерик Ларсон – Кончертино за фагот и гудачки квинтет, Драган Чуплевски – Капричо за гудачки квинтет и други.

 Билетите се во продажба на karti.com.mk

 Фаготистот Зоран Митев (роден 1962г.) завршил средно музичко училиште во родната земја Македонија под менторство на проф. П. Трајковски во Скопје. Студиите ги продолжил на Музичката академија во Љубљана, каде што дипломирал со почести во 1987г. под менторство на проф. Божидар Тумпеј. Специјализацијата ја завршил на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац под менторство на Рудолф Фродл и Бела Ковачез. Продолжил да го надградува своето образование посетувајќи ги летните школи на проф. Ј. Вајда во Будимпешта и В. Попов во Москва. Во септември 2010г. се здобива со сертификат за особен придонес во уметноста на Фагот од Комората на Универзитетот во Љубљана, Акдемија за музика. Добил неколку награди за прво место на републички и државни натпревари и како солист и како член на камерни состави. Добил и две Прешеренски награди од Академијата за музика Љубљанаа во 1984г. и 1986г. Ко-основач е на The New Ljubljana Trio, бил член и основач на дувачко трио кое подоцна стана дувачки квинтет SLOWIND. Бил член на триото Pro musica nova, Словенечката филхармонија Wind Trio и триото OFF. Настапувал на познати фестивали, во регионот и пошироко. Има издадено 8 ЦД-а, од кои шест се авторски, а две се ко-авторски. Активен е и во педагошка улога, како доцент во истакнатата летна школа OFF во Изола, на Конзерваториумот за балет и музика во Љубљана и Музичкото училиште Велење, а од учебната 2011/12г. доцент е на Музичката академија во Љубљана. 

 Уметничкиот центар Полифонија е основан во Скопје, во 2003 година од фаготистот Орце Ицковски и пијанистката Јанинка Невчева со цел промоција и поддршка на Македонските уметници вклучувајки иновации и претприемништво на сите нивоа на изведба, како и обука во областите на култура и уметност. Подоцна кон центарот се приклучуваат и авторот и клавијатурист Давор Јордановски и виолинистката професор Сања Шуплевска, ансамблот ИнМедиасРес и Канадскиот музички центар од Скопје. Во својата богата историја Полифонија е организатор (главен носител) на повеќе од стотина разновидни видови на концерти, претстави и настани како и проекти за континуирана едукација, и проекти во соработка со реномирани организации кај нас и во светот како: Министерство за култура, Канадската Амбасада во Белград, Металворкс – Торонто, Универзитет Амброз – Калгари, Шпилштат Конзерваториум – Виена, Универзитетот на Сплит, Фестивалот Нишвил, Базиликата концерт од Италија, Гете-институт, МНТ, Националните институции Опера и Балет и Филхармонија, ДМБУЦ, Скопско Лето, и други домашни и странски институции и фестивали. Низ годините преку креативно ажурирани настани постигнати се значајни резултати во областа на уметничкото истражување, соодветна презентација, активно учество и размена на добри практики и платформа за презентација и менаџирање на домашни уметници и автори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.