Светлосни инсталации и перформанси, чил зона, диџеи и многу интеракција се најавуваат на петтиот скопски Фестивал на светлината (Skopje Light Festival), што ќе се одржува на 2 и 3 септември на различни локации низ централното градско подрачје.
Темата на фестивалот е рефлексија која нè поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да уживаме во нејзиниот пат, велат организаторите.
Ќе учестуваат Рубин Трајковски, Анета Стојчевска, Зоран Тошевски, Бобан Манов, Мартин Димитријев, Т33 креатив енд ко, Ана Трајковска, Кристина Пауновска-Гиразова, Елизабета Тошевска, Перо Кованцалиев, како и учениците од ДСУЛУД „Лазар Личеноски”.
Со цел да одговориме на предизвиците на енергетската криза, а да не го доведеме во прашање одржувањето на фестивалот, тој ќе трае само два дена. Сите инсталации и перформанси се со ЛЕД осветлување и со минимална потрошувачка, додаваат организаторите.
Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала, финансиран од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.