В о изложбениот салон на НУ Кинотека на Македонија, се случи скопската премиера на изложбата „Со љубов од Битола“. Присутните имаа можност да ги погледнат 27-те фотографии кои изминатите 9 години, од 2013 па до 2022, победувале на Фото -конкурсот „Со љубов од Битола“, како и 24-те фотографии селектирани од стручното жири во состав Роберт Јанкулоски, Симона Калица и Весна Каревска, дела на 17 фотографи, кои ја сочинуваат изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2022 на тема „Архитектонските симболи на Битола“.
Оваа јубилејна изложба е амбасадор на културното богатство на Битола, а фотографиите го отсликуваат духот на Битола, стилот на живеење, архитектурата и секојдневието на еден град кој по многу нешта е уникатен.
Пред гостите свое обраќање имаше Диоген Хаџи-Коста Милевски претседателот на ЦЕРИ кој ги запозна присутните со процесот на реализација на конкурсот и изложбата и фазите низ кои помина проектот со Љубов од Битола од 2013-та до денес, и го посочи значењето на овој проект како една своевидна дигитална ризница која во своите архиви гордо поседува повеќе од 1200 фотографии од градот Битола кои се сведоштво за тоа како градот го менува својот облик и изглед во изминатите 10 годин.
Изложбата е отворена до 31 октомври во изложбениот салон на Кинотека. Овој проект се реализира од Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за култура од Битола а е финансиски поддржан од Министерство за култура , Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Општина Битола преку Бит – Фест. Кинотека е партнер на проектот кој овозможи негово поставување и реализација на изложбата во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.