Македонската уметница Симонида Филипова Китановска со својата слика „Бикот и неговата душа“ го доби златниот медал на VI меѓународно биенале на нови техники, концепти и случувања во акварел и акварел книги на Каудете 2022.

Манастирот Сан Хозе беше местото избран за отворање на годинешново издание на важниот културен настан на 28 октомври, кое ќе трае три недели.

По отворањето се одржа церемонијата на доделување награди, од кои златниот медал го доби Филипова Китановска за сликата „Бикот и неговата душа“.

Сребрениот медал го доби сликата „Аватарот на човекот од Лаурикока“ на Шпанецот Хозе Мигел Колантес Депаз, а бронзениот „VIII од серијата „Фолксваген 45“, на Полјакот Павел Гладков.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.