Во рамки на годишната програма на НУ Музички Ансамбал на Република Македонија-Тетово на ден 04.10.2024 година, петок, на сцената на Центарот за Култура во Тетово ќе се изведе Симфониска бајка за деца „Петар и волкот“, концерт наменет за најмладата публика.
Камерен оркестар под палката на диригентите Агона Чупи и Ангел Спироски заедно со нараторот Рахим Рамадани ќе ги водат најмладите во прекрасниот свет на класичната музика на Сергеи Прокофиев, во две претстави на македонски и албански јазик.
Симфониската бајка „Петар и волкот“ е интересна и хумористична приказна за храброто момче Петар кое со помош на животни и ловци се обидува да го фати лошиот волк.
Секој лик во приказната е претставен со еден инструмент, кои заедно формираат весела и храбра музичка дружина.
Овој едукативен концерт на уникатен начин ги запознава децата со класичната музика, со музичките инструменти, нивниот тон и можност да ги доживеат ликовите опишани преку музика.
Живописниот наратив ги привлекува младите слушатели во авантура, истакнувајќи теми како што се: храброста, пријателството и важноста на критичкото размислување.
Симфониската бајка „Петар и волкот“ на албански јазик ќе се изведува на ден 04.10.20204 (петок) од 16:00 часот, а на македонски јазик од 17:00 часот.
Влезот е бесплатен. Концертот е наменет за деца од рана училишна возраст над 6 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.