Силвана Блажевска е нова в.д. директорка на Националната установа „Стоби“, наш најголем археолошки локалитет. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор, Спасе Перовски.
Блажевска, која е именувана на оваа позиција од министерот за култура, Зоран Љутков, е доктор по археолошки науки, вработена како кустос советник за архитектонска пластика и скулптура.
Таа и во минатото беше директорка на „Стоби“, и тоа во два мандата, во периодот 2008-2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.