Диме Ратајкоски, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул, Република Турција, соопшти владината прес служба.

Ратајковски е магистрант на катедра за Историја на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а работи како новинар и уредник во МРТВ на Културно-документарна програма и автор и сценарист на документарни филмови.

Мими Ѓоргоска Илиевска, на предлог на министерот за култура е именувана за директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Загреб, Република Хрватска.

Ѓоргоска Илиевска е магистер по филолошки науки, универзитетски професор и експерт за заштита на аудиовизуелното наследство. Има повеќе од 20 години работно искуство во филмската дејност и дејноста на заштита на аудиовизуелното наследство. Член е на Европската филмска академија, а била директор на Кинотеката на Македонија и на Агенцијата за филм.

Васко Шутаров, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Белград, Република Србија.

Шутаров дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, на насоката по дипломатија. Магистрирал во областа правни науки и применета дипломатија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и докторирал во областа политички науки на истиот универзитет. Бил советник во советот на Општина Гевгелија и пратеник во собранието, а автор е на број научни трудови и книги.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.