Во соработка со Музејот на град Скопје и Museum Link (неформална мрежа на музеи и Домови на култура низ земјава), организирани се серија изложби на дел од ликовното творештво на Владимир Георгиевски.

Две различни поставки, секоја со по 20тина дела во разни техники, а кои ги илустрираат неговите творечки преокупации, ќе бидат изложени во: Штип, НУ Музеј Штип – галерија Безистен: 25/04-5/05; Св. Николе, ЛУ Музеј на град Св. Николе: 26/04 – 5/05; Велес, ЛУ Велес: 8/05 – 17/05; Гевгелија, НУ Музеј Гевгелија: 9/05 – 17/05; Кавадарци, ЛУ Музеј Кавадарци: 18/05 – 2/06; Неготино, ЛУ Музеј Неготино: 23/05 – 2/06; Крива Паланка, ЛУ Музеј Крива Паланка: 6/06 – 20/06; Кратово, ЛУ Музеј Кратово: 7/06 – 20/06; Охрид, НУ Музеј Охрид, галерија Робевци: 15/07 – 27/07; Куманово, НУ Музеј Куманово: 15/09 – 30/09.

Изложбите низ земјава следат по изложбата-омаж за Георгиевски во Музеј на град Скопје, која се одржа минатиот декември и овогодишните јануари и февруари. Целта е да им се овозможи на што е можно поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на овој наш уметник.

Во тек се преговори со уште десетина музеи и Домови на култура низ Републиката, а местата и датумите ќе бидат дополнително објавени, велат организаторите.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.