Актерите Риз Ахмед и Алисон Вилијамс денеска во театарот Семјуел Голдвин во Калифорнија ги објавија имињата на номинираните во 23 категории. 95-то доделување на Оскарите ќе се одржи на 12 март во театарот Долби во Лос Анџелес, а водител по неколку години повторно ќе биде комичарот Џими Кимел.
Научно-фантастичниот филм „Сè секаде одеднаш“ со оргинален наслов „Everything Everywhere All at Once” со 11 номинации е преводник на листата. Зад не го се „Тажачките од Инишерин“ (The Banshees of Inisherin) и „На западот ништо ново“ кои имаат по девет.
Во февруари проекциите на филмот со најмногу номинации за Оскар се на програмата на Кинотека.
За најдобар филм ова година, номинирани се „Тажачките од Инишерин“, „На западот ништо ново“, „Аватар: Патот на водата“, „Елвис“, „Фабелманови“, „Тар“, „Топ ган: Маверик“, „Триаголник на тагата“ и „Жените зборуваат“.
За Оскарот за најдобар странски филм ќе се борат „На западот ништо ново“ (Германија), „Аргентина, 1985“ (Аргентина), „Блиску“ (Белгија), „Тивката девојка“ (Ирска) и „ЕО“ (Полска).
Мартин Мекдона за „Тажачките од Инишерин“, Даниел Кван за „Сè секаде одеднаш“, Стивен Спилберг за „Фабелманови“, Тод Филд за „Тар“ и Рубен Естлунд за „Триаголник на тагата“ се номинирани во категоријата најдобар режисер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.