Започнува да се санира објектот на „Меморијалната куќа на Григор Прличев“, информираат од НУ Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.
Од таму посочуваат дека согласно одобрената Годишна програма од страна на Министерството за култура и туризам за тековно одржување на објекти кои се под нивна надлежност направени се одредени зафати за санирање на објектот „Меморијална куќа на Григор Прличев“.
Во тие активности во текот на октомври 2024 година, се санираа ѕидните платна од јужната страна и плафонот во приземјето како и одредени интервенции на увалите на кровот, чистење на олуци како и промена на искршени ќерамиди и заливање на слеменици и грбини, додаваат од НУ Завод и Музеј Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.