Националната установа Завод и Музеј-Битола продолжи со реконструкција и конзервација на фасадата на Музејот и кровот на т.н. предно крило од тој објект.

Музејот како значаен културно историски споменик се реконструира со поддршка на Министерството за култура, а со цел да се заштитат важни детали од фасадата, но и кровот кој подолг период бил запоставен, информираа од НУ Завод и Музеј-Битола.

– Со градежниот зафат, со конзервацијата на фасадата и со промена на дограмата која веќе е завршена на западното крило, се овозможува заштита на објектот на долг рок. Интервенцијата се врши во овој период затоа што споредено со летниот период, намален е интензитетот на туристички посети од странство и може послободно да се работи од предното крило или јужното крило на Музејот, појасни Мери Стојанова, директорка на таа национална установа.

Посетите на изложбите и поставките во НУ Завод и Музеј-Битола непречено може да се вршат без разлика на интервенцијата врз фасадата која е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.