Во рамки на Малиот новогодишен Темплум саем, денес, 25 декември, во „Бруталиск”, во 20 часот, ќе се одржи разговор за книжевен превод помеѓу Милан Дамјаноски и Филип Димевски.

Милан Дамјаноски и Филип Димевски, инспирирани од преводот од полски јазик на „Човекот каков е, секој гледа” на Мажена Матушак, ќе нѐ водат низ убавините и предизвиците на книжевниот превод.

Настанот е дел од активностите на проектот „Да ти ја раскажам мојата приказна: протек на европски книжевни дела за млади” кофинансиран од ЕАЦЕА и од Министерството за култура преку програмата „Креативна Европа”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.