Прилепскиот академски уметник Марјан Стојаноски со изложбата на слики „Поглед, кон недоглед“ ќе се претстави во Културноинформативниот центар на Македонија во Тирана, Албанија.

Изложбата ќе биде отворена на 11 -ти септември во 20 часот во центарот.

Стојаноски ќе изложи 16 дела – слики, создадени со виорен и енергичен јазик и се асоцијативно-апстрактни композиции.

Стојаноски, минатата година имаше изложба во Културноинформативниот центар во Софија, Бугарија. Се претстави со скулптури од различен формат. Изложбата „Panta rhei“ со ротирачки скулптури, изработени во метал и елементи од дрво, предизвика голем интерес во бугарската јавност.

Академскиот уметник Стојаноски е член на Друштвата на ликовните уметници на Прилеп и на Македонија. Во 2015 година ја доби наградата за скулптура „Јордан Грабул”.

Има реализирано голем број самостојни и крупни изложби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.