Уметничкиот Центар АРТ ХАБ денеска ја отвора самостојната изложба на фотографии на Сашо Саракинов. Изложбата ќе се отвори на 24.01.2024 год. (среда) во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје, ГТЦ, 2 кат, локал 306 , со почеток во 19:30 часот.
Ова е прва самостојна изложба на Сашо Саракинов на која што ќе бидат презентирани околу 30 фотографии.
На фотографиите се претставени едноставни настани видени од поинаков агол, со интензивна боја и нагласена форма вклопена во една композиција. Фотографиите го одсликуваат моментот на настанот со нагласен архитектонски израз на она што се прикажува. Забележани се настани и објекти кои не опкружуваат во секојдневието, а сепак имаат многу што да кажат и да го свртат вниманието на гледачот.
За сите љубитеи на уметноста изложбата ќе биде отворена до 02.02.2024 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.