Во просториите на Грал галерија во Скопје вечер со почеток во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник Менсур Бојда насловена „Принтана едиција”.
„Принтана едиција” е колекција од 25 селектирани дела од различни периоди и различни техники. Колекцијата содржи репродукции од цртежи, слики, дела од серијалот насловен „Моите омилени нешта” и последниот проект „Шинаи”, изработени во офсет, дигитална и традиционални графички техники.
Менсур Бојда е ликовен уметник кој живее и работи во Њујорк. Тој е фигуративен експресионист и од негов интерес се ликовни дисциплини како сликарство, цртеж, графика, скулптура, илустрација и стрип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.