Францускиот институт во Скопје oрганизира традиционалниот Саем за студии во Франција, којшто ќе се одржи во понеделник, 30 октомври 2023, од 11 до 16 часот.

Настанот ќе биде отворен за посетители од 11 часот, а официјално ќе биде отворен во 12 часот, со поздравни говори на: г-дин Јетон ШАЌИРИ, Министер за образование и наука, Н.Е г-дин Сирил Бомгартнер , Амбасадор на Франција, г-дин Марко ЃОРГИЕВСКИ, Директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности – Еразмус+

Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка.

Ова е одлична можност да се добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција.

Настанот се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје и француската агенција за високо образование Кампус Франс.

Понеделник, 30 октомври 2023, 11:00 – 16:00 часот
11h00 Отворање на саемот за публика
12h00 – 13h00 Свечено отворање на саемот
– Обраќање на г-дин Јетон ШАЌИРИ, Министер за
образование и наука
– Обраќање на Н. Е. г-дин Сирил БОМГАРТНЕР,
Амбасадор на Франција
– Обраќање на г-дин Марко ЃОРГИЕВСКИ, Директор на
Националната агенција за европски образовни
програми и мобилности – Еразмус+
Презентации во конференциската сала :
13h00 – 13h10 Кампус Франс Скопје
Вовед и основни информации за пристапот до
универзитетските студии во Франција (процедури за упис,
трошоци, стипендии)
13h10 – 13h20 Универзитет Гренобл-Алпи
https://shorturl.at/eLSZ1
13h20 – 13h30 Универзитет Каен Нормандија https://www.unicaen.fr/
13h30 – 13h40 Универзитет Клод Бернар Лион 1 https://www.univ-lyon1.fr/
13h40 – 13h50 Институт за политички науки – Кампусот во Дижон
https://www.sciencespo.fr/college/fr/viecampus/campus/dijon
13h50 – 14h00 INSA – Државен институт за применети науки
https://www.insa-rouen.fr/
14h00 – 14h10 ESFAM – Франкофонска школа за менаџмент, Софија

14h10 – 14h20 Филолошки факултет « Блаже Конески », Скопје и
Франкофоснки центар за вработливост (CEF)
14h20 – 14h30 ESCE – Висока школа за надворешна трговија
https://shorturl.at/vxO23
14h30 – 14h40 Школа за менаџмент Гренобл
https://shorturl.at/uyNR8
14h40 – 14h50 ESSCA – Школа за трговија https://www.essca.f



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.