Годинашното издание на Саемот на книгата ќе се одржи од 4 до 10 мај во Арена „Борис Трајковски“ под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“.
Организатор е Скопски Саем со поддршка од Министерството за култура, како покровител на Саемот го организира 35. Меѓународен Саем на книгата.
Ќе учестуваат над 50 издавачи. Најголемата манифестација посветена на книгата на национално ниво ќе претстави голем број наслови од сите континенти во светот, – се занимава со промоција на книжевното творештво и љубовта кон пишаниот збор, како и културна размена и иницирање актуелни литературни и општествени прашања.
Неформално познат како „фестивал на пишаниот збор“, секоја година „Саемот на книгата“ е домаќин и главен центар на најзначајните домашни и бројни странски автори и издавачи, кои ги претставуваат своите најактуелни изданија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.