Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Романија и Романскиот културен институт, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Белгија во Софија и Валони-Брисел Интернационал, Амбасадата на Луксембург и Кинотеката на Македонија, во рамките на месецот на Франкофонијата, организираат Недела на франкофонски филм во Кинотеката на Македонија.

Неделата на франкофонски филм ќе се отвори в четврток, 23 март 2023, во 20 часот, со прикажувањето на романскиот филм „Радио Метроном“.

Манифестацијата свечено ќе ја отвори Н.Е г-ѓа Моника АКСИНТЕ, Амбасадорка на Романија.

Отворањето ќе биде проследено со коктел.

Потоа следат:

– петок, 24.03, швајцарскиот филм „Последниот танц“ на Делфин Лерисе (2022, 1h24), со Франсоа Берлеан и Касеј Моте Клајн

– сабота, 25.03, белгискиот филм „Последното искушение на Белгијците“ на Жак Бикоа (2021,1h16), со Алис Дитоа, Вим Вилер и Алекс Визорек ; по проекцијата следи коктел овозможен од Амбасадата на Белгија во Софија и Валони-Брисел инрернационал

– понеделник, 27.03, францускиот документарен филм „Деца на татковината“ на Тјери Демезјер и Албан Терле (2022, 1h50), со Елса ле Петрек, Тјери Демезјер

– вторник, 28 март, со луксембуршкиот анимиран филм „Неверојатната приказна на Фрици“ на Раиф Кукула и Матијас Брин се затвора неделата на франкофонски филм.

Сите проекции се одржуваат во Кинотеката на Македонија, со почеток во 20 часот.

Сите филмови се со превод на македонски јазик. Подетални инфиормации за секој од филмовите се наоѓаат на следниот линк: https://bit.ly/40f7B0j



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.