Романот „Правта на библиотеките“ на академик Митко Маџунков е објавен на бугарски јазик во издание на „Book All“ (Книги за сите) од Софија. Преводот од македонски на бугарски јазик е на Мариан Петров а ликовно-графичкиот дизајн е на Николај Пашалиски.

Како што стои во најавата на издавачот, романот е дел од познатиот „белградски“ циклус романи на Маџунков, кои се случуваат од сабота до понеделник во мај 1986 година, а чие „дејство“ опфаќа подолг временски период – од распадот на Југославија до разнебитувањето на Македонија. Романсиерскиот циклус, започнат со романот „Времето на ирвасите“, продолжи со „Птиците од ланските гнезда и „Правта на библиотеките“ и на крајот се затвори со „Времeто пред приказната“, објавен пред две години во Скопје, вели писателот Блаже Миневски.

Тој објаснува дека во метафоричка смисла, романот „Правта на библиотеките“ говори за светот како пародија на сопствените вредности, базиран врз фалсификати наспроти злоупотребените оригинали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.