Книгата „Другата страна на Земјата“ од Никол Пашинијан неодамна е објавена на македонски јазик во издание на „Прозарт Медиа“. Автор на романoт е водачот на Кадифената револуција во Ерменија, а сегашен премиер, Никол Пашинијан.
„Другата страна на Земјата“ првично, во делови, е објавувана во „Ерменија тајмс“ од мај до декември 2008 година. Во тие години никој не знае каде се наоѓа авторот. Полицијата тврди дека нелегално ја напуштил Ерменија, а потоа, повторно нелегално, се вратил во Ерменија. Самиот Пашинијан тврди дека во тоа време никогаш не ја напуштил територијата на Ерменија.
Никол Пашинијан беше избран за премиер на земјата во мај 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.