Ве покануваме сите на големото роденденско дружење со писатели и читатели. На 26 октомври, сабота, на платото пред книжарницата ТРИ во Градски трговски центар го одбележуваме заедничкиот јубилеј од четврт век ТРИ!

Подготвивме програма со многу љубов, исполнета со анимација и фотографирање со Стела и Сани за најмладите, но и со музика, пијалаци и подароци за сите.

 

Повелете од 13 часот за да ја прославиме приказната која заеднички ја испишуваме, а посакуваме да трае бескрајно, се вели во објавата од Издавачкиот центар ТРИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.