Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски и филмска поезија од Дејан Трајкоски во понеделник (21 август) од 19 часот во Europe House во Крива Паланка ќе се одржи изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија”.
Се работи за интердисциплинарен проект во развој: фузија на поезија, филм и музика. Идејата е да се реобмисли уметничко дело и да се создаве ново, во поинаква форма од оригиналното Се работи за песни инспирирани од сцени од повеќе филмови. Поезијата од Трајкоски ќе биде изведувана од Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, инспирирана од оригиналните филмски композиции.
Проектот е поддржан од Европска Унија, а се реализира во организација на Метрика Култура.
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.