Подиум Јадро – Кавадарци денеска, 24 февруари организира од 19 часот разговор со Сашко Илов – Дете за првата фото книга за паганскиот ритуал Џоломари.

Разговорот ќе биде прикажан на нашиот Јутуб канал и нашата Фејсбук страница, соопштија од Подиум Јадро – Кавадарци.

Во селото Бегниште, над 400 години постои паганскиот ритуал „Џоломари“. Секоја година, на 14 јануари, група мажи се собираат со маски и го брани се од вештерки и демони.

Ова е прва фото-книга за овој пагански ритуал.

Книгата со фотографии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов претходно беше претставена со онлајн-промоција во јануари годинава.

Илустрираната етнолошка книга, која е двојазична, на македонски и на англиски јазик, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.