Добитничка на овогодинешното Рациново признание, според одлуката на жири комисијата е Фросина Пармаковска за романот „Се уште можам нешто да сторам“, во издание на издавачката куќа Или-Или, а Почесното Рациново признание годинава се доделува на Анамарија Цинеге Панзова од Унгарија, за афирмација на македонскиот јазик и култура надвор од границите на земјата.
Шеесет и првото издание на Рациновите средби годинава се одбележуваат под слоганот „Рацин – македонска меморија“.
Одбележувањето на Рациновите средби е во организација на ЗГ Плус Публика, во соработка со повеќе организации и поединци. Велес и Македонија ќе го чествуваат Рацин со бројни активности кои ќе траат до 20 јуни.
Целосната програма со активности за одбележување на Рациновите средби дополнително ќе биде објавена на веб страницата на Општина Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.