Во вторник на 3 септември 2024 година, во Едукативно Културниот Центар „Лабораториум“ во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата на младата уметница Андријана Весовска, насловена „Растење 22″.

Весовска ги кани своите пријатели и колеги да учествуваат во перформансот во кој тие носат “подарок” – уметничко дело со што, заедно ќе остварат групна изложба во која ќе се слави креативноста на младите уметници.

 

Андријана го претставува својот раст низ интимноста на уметничките дневници, пропратено од дела создадени во истиот период на творење и уметнички дела на пријателите стекнати за време на тие години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.