Националната опера и балет соопшти дека се распродадени билетитте за балетските изведби на „Оревокршачка” закажани за 29 и 30 декември годинава.
Кореограф на балетската претстава е Русинот Василиј Иванович Ваинонен, сценографијата е на Анатолиј Нежњи (Русија), а костимограф е Љупка Ристовска.
Настапуваат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Ела Канер (Турција), Ендру Кук (Велика Британија).
Настапуваат и солисти, балетскиот ансамбл на НОБ и деца од балетскиот оддел ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.