Билетите за балетската претстава „Дамата со камелии“, во Националната опера и балет чија изведба е вечерва, на 30 октомври, (среда) се распродадени, а од НОБ соопштија дека втората изведба е на 2 ноември, со почеток во 20 часот. Балетот е работен по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата „Травијата“.
Претставите ќе се изведат под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, a раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка.
Во улогите на Маргарита и Арманд на 30 октомври ќе настапат првенците Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија), додека на 2 ноември ќе настапат Наташа Трендафилова Гицев и Валери Љубенко (Украина).
Во балетската претстава „Дамата со камелии“ настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.