Денеска се распишани конкурсите за државните награди „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „Мето Јовановски“ за 2024 година. Конкурсите траат од 1 до 31 октомври, соопштија од Министеството за култура.
Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
Државната награда се врачува во Собранието на 21 декември, денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин.
Иницијатива за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.
Конкурсот трае од 1 до 31 октомври 2024 година.
Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградата се доделува секоја година на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.
Државната награда им се доделува на поединци, здруженија на граѓани, неформални групи и други правни субјекти.
Иницијатива за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ може да поднесат здруженија на граѓани, граѓани, странски државјани, како и други правни субјекти во земјава и во странство.
Конкурсот ќе трае од 1 до 31 октомври 2024 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.