Денеска се распишани конкурсите за државните награди „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „Мето Јовановски“ за 2024 година. Конкурсите траат од 1 до 31 октомври.

Со државната награда Мито Хаџи Василев-Јасмин се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 21 декември,  денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин.

Иницијатива за доделување на државната награда Мито Хаџи ВасилевЈасмин може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Конкурсот трае од  1 до 31  октомври 2024 година.

Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградата се доделува секоја година на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.

Државната награда им се доделува на поединци, здруженија на граѓани, неформални групи и други правни субјекти.

Иницијатива за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ може да поднесат здруженија на граѓани, граѓани, странски државјани, како и други правни субјекти во земјава и во странство.

Конкурсот ќе трае од  1 до 31 октомври 2024 година.

Конкурсите се достапни на следниве линкови:

 

Конкурс за државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

https://kultura.gov.mk/mito_hadzi_vasilev_jasmin/

https://kultura.gov.mk/sq/mito-haxhi-vasilev-jasmin/

 

 

 Конкурс за државната награда „Мето Јовановски“

 

https://kultura.gov.mk/%d0%bd%d0%b0%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%be-%d1%98%d0%be%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8/

 

https://kultura.gov.mk/sq/meto-jovanovski-2/

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.