Расказот „Наредното евангелие“ на писателот Томислав Османли, заедно со биографија на авторот, е објавен на порталот за литература и книжевна критика „Kritikbu” (kritikbu.com) во Истанбул, двојазично – на турски и на англиски јазик.
Расказот на Османли, во кој се тематизира соочувањето на светот со пандемијата во последниве три години, првпат е објавен во 2020 во прилогот „Лик“ на весникот „Нова Македонија“ и оттогаш е објавен и во Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција и Србија.
Станува збор за куса проза која го проблематизира отуѓениот свет на денешницата, фокусирајќи ја пандемијата како метафизичка казна и предупредување, за човештвото одродено од автентичните етички и морални вредности. Во видувањето на „Наредното евангелие“ пандемијата е конечна предупреда за глобалната цилизација која ризикува да се самоукине, крајно изневереувајќи ја филантопската бит која треба да ѝ е неотстапна одлика, вели авторот.
За објавата на расказот на порталот „Kritikbu”, преводот на турски е од Мехмед Јонуз, а на англиски го преведе Димитар Т. Османли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.