Во склоп на проектот „Словачки уметнички патишта“/ „ТРАГИ ОД ДВА СВЕТА“ ќе се одржат и неколку работилници и предавања.
Во Галеријата на ФЛУ ќе се одржат следните предавања и работилници;
Од 10-12 часот;
Предавањето „Акциона графика“ го претставува историскиот контекст на уметноста на акцијата низ селекција на словачки и меѓународни уметници кои тематски работат со стратегии на акција, кои се поврзуваат со графичкиот медиум – предавач: Петер Валиска-Тимечко.
Работилницата „Градски структури“ ги следи перформансите „Матрицата како ринг“ и „Корео-графика“ под водство на Петер Валиска-Тимечко и Станислав Пјатрик, кои ги запознаваат учесниците со техниките на монитипија и фротаж.
Од 13-14 часот;
Предавање: Словачки визуелни уметности и позициите на акционата графика
Петер Валиска-Тимечко и Бранислав Зурко
Од 14-16 часот;
Водена тура низ изложбата и разговор со уметниците
Модератори: Бранислав Зурко и Адам Мачко
Влезот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.