Култренинг е едукативна програма на Локомотива која се одржува од 2015 година до денес, и има за цел да го доближи современиот танц и изведбените уметности до јавноста, да ги зајакне знаењата во полето на професионалната заедница и да поттикне соработка. Работилниците во КСП Центар-Јадро ќе ги води Тереза Лазарев.

Тереза Лазарев е танцова уметница која работи во полето на современито танц. Тереза завршува академија за современ танц под менторство на Рисима Рисимкин на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Тереза има соработувано со кореографи како: Александра Петрушевска, Искра Шукарова, Јотам Палед, Карин Понтиц, Ивана Балабанова и други. Има настапувано на фестивали како: Holland Dance Festival во Хаг (Холандија), Share во Братислава (Словачка), Silk Road во Пекинг (Кина) и многу други. Моментално живее и работи во Скопје каде што држи часови за современ танц за деца.

Програмата „Култренинг“ е дел од Интердисциплинарната програма на Локомотива која е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.