Во рамки на годишната програма на Културно – социјалниот простор Центар- Јадро ќе се одржи 5- дневна работилница за независна театарска продукција чија цел е да ги капацитира чинителите на македонската културна сцена во продуцирање на независни проекти од областа на драмската дејност.

Работилницата ќе се одржи на следниве датуми и термини:

вторник, 18.04.2023, 16:00 – 19:00ч. 

среда, 19.04.2023, 16:00 – 19:00ч.

четврток, 20.04.2023, 16:00 – 18:30ч.

петок, 21.04.2023, 16:00 – 19:00ч.

сабота, 22.04.2023, 16:00 – 19:00ч.
Работните сесии ќе се одржуваат во просторот на Центар-Јадро (ул. Алберт Ајнштајн бр.2, поранешна месна заедница „Дане Крапчев“)
ПРИЈАВУВАЊЕ 👉 https://forms.gle/EfUBexwefav5G6iF9
* Повикот е отворен до 15.04.2023
Бројот на местата е ограничен и од прифатените апликанти се очекува редовност на сите сесии.
Работилницата ќе ја води Мартин Манев, актер и сценограф, а на секоја средба ќе има разговор со истакнат гостин со долгогодишно искуство во областа на културата:

Дени Стојанов, актер, член на комисијата за драмска дејност, претставник на иницијативата „Аудиција- сега“
Русе Арсов, програмски раководител, МКЦ
Милош Б. Андоновски, театарски режисер
Виктор Рубен, извршен процудент, МНТ
Јасмина Билаловиќ, директор, Културно- социјален простор, „Центар – Јадро“
Работилницата ќе ги разработи етапните фази на реализација на еден независен проект, поставување на цел и целна група, утврдување на адекватен тим на соработници и простор или медиум за најефикасна реализација на целта, буџетирање (аплицирање на годишните конкурси на министерството за култура како физичко лице или здружение, други извори на финансирање, копродукција, регулирање на авторски права, одржливост, продажба на билети), формирање на финален план за реализација врз основа на обезбеден буџет (предвидување на трошоци за авторски договори, транспорт, сместување, костими, шминка, сценографија, техничка опрема, маркетинг), поставување на рокови, одложувања, составување на финален финансиски извештај, можности за учество на домашни и меѓународни фестивали, финансирање на гостувања и турнеи итн.
Крајната цел е капацитирање на учесниците максимално да ги користат постоечките ресурси во процесот на создавање и да им овозможат подолг животен век и видливост на самопродуцираните/копродуцираните претстави, а вмрежувањето на креативните професионалци, нивното искуство, знаење и вештини да отвори нови можности за идна соработка помеѓу овие независни театарски творци кои, во органичени просторно-технички услови и буџети, се способни да создаваат квалитетни, одржливи и значајни театарски проекти.
За учество во работилницата за независна театарска продукција е добредојдено претходно искуство и вештини од областа на театарот/изведувачите уметности, но ова не е апсолутен императив. Најважно е учесниците да имаат желба и волја да се надградуваат и да творат во областа на драмската дејност.
Мартин Манев се запишува на факултетот за драмски уметности во 2011 година во класата на проф. мр. Владо Цветановски, а дипломира во 2015 година под менторство на проф. мр. Златко Славенски. Независната сцена ја запознава како актер во претставите на „Театарот на Навигаторот Цветко“ и во независниот театарски проект „Импров Група Настап“. Автор е на неколку проекти во областа на драмската дејност, а првата сценографија ја потпишува на монодрамата „Океанот“ во 2019 година, по што започнува интензивно да работи и како сценограф и дизајнер на светло со повеќе од 20 претстави на независната сцена и во националните театри во Македонија.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.