На 2 јули во 10 часот во Малата сала на Центарот за култура – Битола заедно со нашиот драматург Билјана Крајчевска и учениците актери од школата „Фабрика за мечти“ на нашата режисерката Софија Ристевска – Петрушева ќе „шекспируваме“ на работилницата за деца „ И по Шекспир – Шекспир!“

· Работилницата е бесплатна и наменета за деца од 5 – 13 годишна возраст со траење од 2 часа, односно од 10:00 – 12:00 часот на пладне.
· На децата не им треба претходно познавање на (сцените од) делата на Шекспир, всушност ние ги охрабруваме тие сами и на свој начин да ја откријат приказната.
· Користејќи минимални реквизити и костими, децата актери од школата „Фабрика за мечти“ играат – глумат сцени од делата на Шекспир со оригиналниот текст преведен на македонски јазик. Потоа користејќи ја нашата интерактивна работилница, заедно ги водиме останатите деца низ сцените – и тие низ игра стануваат „ новите актери“.
· Сите деца но овој начин развиваат чувство за слушање, концентрација, имагинација, си ја зголемуваат самодовербата и најважно: а бе дечки забавно е!
· Децата се охрабруваат да внесат свои креативни идеи создавајќи своја верзија на приказната – значи и по (според) сцените од делата на Шекспир – повторно градејќи (наш и најнов) Шекспир со помош на …Е па дојдете да шекспируваме, па сами (без мама, тато, дада, тети, бато) ќе си видите како.
· Бројот на деца е ограничен – принципот е кој стигнува навреме- останува да си играме!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.