Во рамки на проектот „Превод во движење“, издавачката куќа „Готен“ денеска, утре и задутре во кафе-книжарницата Буква во Скопје ќе организира работилница за книжевен превод „Преводот како движење меѓу културите“.
Како што најави издавачката куќа, работилницата ќе опфати различни формати – работа на конкретен превод, презентации, разговори со преведувачи и уредници на издавачки куќи, дебати и дискусии. Предавачи на работилницата се проф. д-р Ирина Бабамова, проф. д-р Калина Малевска, проф. д-р Милан Дмјановски и Живко Гроздановски.
Целта на работилницата е на сите заинтересирани преведувачи да им се понуди можност за професионално усовршување, дополнителна обука, како и преку дебати и дискусии да се поразговара за состојбата во која се наоѓа преводот во нашата земја и да се создадат нови можности за идна соработка меѓу преведувачите и издавачите.
Работилницата е бесплатна и секој заинтересиран своето учество може да го пријави на електронската пошта [email protected].
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.