18:00 часот

Мoving inside out

Сцена: Јадро

 

Криста Денио и Искра Шукарова се уметници кои работат на полето на танцот и перформансот и ќе одржат работилница за студентите и професионалците во танцот и театарот каде што ќе истражат интердисциплинарните пристапи кон креирањето на перформанс кој е специфичен или врзан за просторот каде што се игра. Употребувајќи танцови и театарски методологии, Денио и Шукарова ќе ги спојат практиките и техниките што се специфични за просторот, кои ги поддржуваат и учесниците во нивното истражување на техниките на раскажување на приказни и креативноста, создавањето и истражувањето и на архитектурата на галеријата Јадро, вклучувајќи го и паркот во близина, дрвјата и природата. Денио ќе се осврне на работата на нејзиниот проект „Проектот Мрежа“, инспириран од еколошките системи на комуникација, делењето на ресурси и преживувањето што се случува во заедниците на дрвјата и што човековите заедници можат да научат од нив. Шукарова ќе ја презентира својата работа во потсистемите на невербална комуникација за да ги употреби соматските практики како една рамка за уметнички израз.

Работилницата ќе вклучува тренинг за движење и глас, што вклучува соматски движења, развојни движења, партнерство и умешност за делење на потешката физичка работа, врз основа на Контактна импровизација и некои техники од Акциониот театар, спојувајќи ги гласот/звукоти движењето преку употреба на високоструктуирани импровизациски вежби. Оваа работилница ќе кулминира со кратки перформанси што ќе ги креираат студентите.

 

 

20:00

Без крв

Драмски театар, Пловдив / НТ Ј.Х.К. Џинот, Велес  – Бугарија / Македонија

Текст: Александар Барико режија: Дијана Добрева

 

Македонска премиера на „Без крв“, копродукциска соработка која е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на Драмскиот театар Пловдив и Народниот театар „ Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ – Велес.

Литературното дело на Алесандро Барико ја поттикна мешовитата авторска и актерска екипа безусловно да се вложат во создавањето на претставата.

„Самата претстава разработува теми на помирување без крв, кое може многу симболично да се сфати особено за Македонско – бугарските односи во моментов. Претставата разбуди многу емоции кај бугарската публика и топло се надевам дека и кај нас ќе биде прифатена позитивно. Сметам дека вакви копродукциски треба да продолжат да се негуваат во име на моќта на уметноста и убавината, кои ќе го спасат светот.“ – вели Олга Панго, кореографка на „Без крв“.

„Без крв“ затвора тројца мажи во својот лавиринт: татко, две деца и крволочен Минотаур за време на граѓанска војна. Во текот на годините додека трае зачадениот мир, една убава жена стои пред продавач на билети за лотарија, чекајќи да го започне својот пат или кон смртта или кон пресметка. „Има ли крај на одмаздата, или пак ова е еден маѓепсан круг во кој сите сме проколнати да се вртиме?“, е едно одлично прашање што го поставува овој роман. Засилувањето на одмаздата меѓу луѓето и нациите е препознатлив знак на духот на времето во кое живееме. Човекот е сé поосамен во „срцето на земјата“.

И само љубовта ги затвора раните без да ја повтори болката.

Во претставата играат:
Маргита Гошева, Васил Зафирчев, Константин Еленков, Патриција Пандева, Исидор Јованоски, Филип Христовски, Красимир Василев, Георги Вачев, Кети Борисовска, Симеон Алексиев, Елена Кабасакалова, Катрин Гачева, Златко Шарков, Филип Василевски, Елена Димитрова

Превод на романот: Толја Радева
Авторска адаптација: Александар Секулов
Сценска верзија и режија: Диана Добрева
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Раде Василев и Елена Вангеловска
Композитори: Јавор Карагитлиев, Сашко Костов
Музика во живо: Сашко Костов
Кореографија: Олга Панго
Превод на македонски: Ана Батева
Фотограф на плакатот: Георги Вачев
Дизајн на постер: Јавор Димитров

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.