Во понеделник, 27 ноември 2023 година, во Театар Штип, со почеток во 20:00 часот, штипската публика ќе има можност да ја погледне театарската претстава на Вондерленд театар со наслов „Работи за кои не зборуваме“.

Авторски проект на екипата базиран на лични монолози, анонимни сведоштва и документарен материјал.
Режисер: Нела Витошевиќ
Драматург: Викторија Рангелова-Петровска
Сценограф: Васил Христов
Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска
Користена музика: Крсте Роџевски
Избор на музика: Нела Витошевиќ
Идејно решение за плакат: Борче Димитриоски

 

Играат:
Драгана Костадиновска
Ивана Павлаковиќ
Сара Климоска
Никола Настоски
Исмет Шабановиќ

РАБОТИ ЗА КОИ НЕ ЗБОРУВАМЕ е театарска претстава која преку интимни и емотивни приказни, сака да им даде глас на општествените проблемите за кои не се зборува. Преку низата вистинити приказни, во кои секој може лесно да се пронајде, претставата отвара прашања за патријахалното уредување во регионот но и пошироко.
Низ повеќе сцени инспирирани од лични монолози на актерите, анонимни искуства на лица добиени преку распишан повик, како и документарен медиумски материјал, претстава ги подвлекува/става акцент на проблемите поврзани со депресијата, траумите од детство, дискриминацијата, злоставувањето и насилството, религијата, агресијата и нетолеранцијата како и разни психолошки проблеми и однесувања со кои поединецот секојдневно се соочува. На траги-комичен начин претставата прави критика на балканското патријахално миље, но истовремено провоцира и разговор за промена во општеството. Публиката ќе биде вовлечена во свет на лични сеќавања кои се испреплетуваат со човечки болки, трауми, стравови и среќни моменти од животите на разни луѓе. Интимноста, искреноста и и вистинистоста на сведоштвата, се главно ткиво на оваа документарна претстава.
Во повеќемесечниот процесот на проби и собирање приказни, секој член подеднакво се вложи во истражувањето/создавањето на документарниот материјал и неговата драмска структура. Во таа смисла драмскиот текст на оваа претстава е симбиоза на екипното создавање помеѓу членовите на екипата и сите анонимни учесници.

 

Претставата е во продукција на Wonderland theatre, и во ко-продукција со МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР. Проектот е финансиран од Швајцарска амбасада на Република Македонија, а поддржан од Министерство за култура на Република Македонија.

Инспициент: Никола Кимовски
Изведувач на сценографијата: Татјана Блажевска – Христоска
Светло – мајстори: Дарко Младеновски и Игор Ѓеоргиев
Тон – мајстор: Ненад Трпеноски
Реквизитер: Снежана Грнчаревска
Гардеробери: Валентина Чонкова и Скендер Бериша
Фризер и шминкер: Бранка Пљачковска
Фотограф: Кире Галевски
Графички дизајнер на промотивен материјал: Димитар Димитров
Маркетинг: Мила Анѓелковиќ

 

Влезот е бесплатен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.