„Птици во аквариум; надреализам 1924 – 2024“ од Влада Урошевиќ и Лидија Капушевска-Дракулевска“ е сеопфатна студија и преглед на генезата, развојот, теоријата, темите, техниките, митологијата и феномените на надреализмот, пишува Владимир Јанковски.
Истовремено, оваа студија нуди панорама на распространувањето на надреализмот во голем број светски книжевности и култури, од англиската, шпанската, германската, американската, италијанската, чешката, романската, белгиската и другите европски книжевности, па сѐ литературите во земјите од Латинска и Централна Америка и Јапонија. „Птици во аквариум; надреализам 1924 – 2024“, не само што претставува едно од најцелосните толкувања на надреализмот кај нас, туку истовремено е и најтемелната студија за некој книжевен правец објавена кај нас, вели Јанковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.