Носијата за млада невеста од збирката на стружанецот Љупчо Милошески ја добри првата награда на фестивалот „Бисерна грана“ во Нови Сад, Србија во категоријата „Награди за странски држави“.
Носијата, како што информира за МИА, Милошески, е од етничкиот предел Струшки Дримкол и припаѓала на етничката група Власи „Фашарјоти“, од селото Горна Белица.
На 17. издание на Фестивалот во Нови Сад, учесниците се натпреварувале во две категории, односно за народни носии од Србија и за народни носии од други држави.
Задоволство ми е што во конкуренција со сериозни колекционери и собирачи на народни носии, меѓу 50-тина ревијалци, токму носијата од мојата колекција го освои првото место, изјави Милошески.
Носии од неговата колекција, трет пат се дел од фестивалот „Бисерна грана“, а втор пат се враќа со награда.
Се работи за една сериозна манифестација, на која главниот збор го има четири члена жири комисија од етнолози и познавачи на народните носии, позната во Србија и регинот меѓу собирачите на народни носии, истакна Милошески, нагласувајќи дека е убаво чуството кога се вреднува и препознава трудот.
Покрај наградената носија, на Фестивалот во Нови Сад, биле презентирани и презентирав и носии за невести од етничките предели: Дебарско Поле и Голо Брдо – село Дренок од колекцијата на Милошески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.