Слика на австрискиот уметник Густав Климт, за која се верувало дека била изгубена 100 години, е пронајдена во Виена.
Портретот на Фраулеин Лизер некогаш припаѓал на еврејско семејство во Австрија и последен пат бил виден во јавноста во 1925 година. Нејзината судбина потоа е нејасна, но семејството на сегашните сопственици ја има сликата од 1960-тите, пишува „Би-би-си“.
Аукциската куќа „im Kinsky“ ја проценува вредноста на сликата на повеќе од 54 милиони долари (42 милиони фунти).
Портретот сега ќе биде ставен на аукција на 24 април во име на сопствениците и правните наследници на семејството Лизер.
Пред аукцијата, сликата ќе биде претставена на различни меѓународни локации, вклучувајќи ги Велика Британија, Швајцарија, Германија и Хонг Конг, соопшти аукциската куќа.
Портретот некогаш му припаѓал на семејството Лизер, кои биле богати еврејски индустријалци во Виена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.