Во Тетово се одржа промоција на книгата „Хрватски театарски актери и режисери што работеле во Македонија од 1913 до 1941 година“ на авторот Зоран Пејковски, во организација на Македонско-хрватско друштво (МХД).

Рецензентот проф.д-р Димитар Пандев посочи дека овој труд е силна потпора на македонско-хрватските односи.

-Хрватските театарски актери ќе ја продлабочат историската димензија на културните врски меѓу Хрватска и Македонија и ќе се вложат во културните достоинства на македонскиот театар и ќе донесат дел од европската култура во Македонија. Трудот на Зоран Пејковски спасува од заборав многумина од нив, го освежува нивниот драмски подвиг и ја зацврстува историјата на македонско-хрватските културни врски во еден досега недоволно допрен сегмент, истакна на промоцијата Пандев.

Пејковски е автор на 24 драмски дела, на 25 збирки песни, еден роман, 4 научно – истражувачки книги од театрологијата, 3 публицистички книги, и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби.

Македонско – хрватското друштво оваа година прослави 20 години од своето постоење во Тетово, како и 29 години од формирањето на првото МХД во Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.