„Фениксот од Кавадарци“ е насловен играно-документарниот филм посветен на етномузикологот Васил Хаџиманов, што синоќа беше промовиран во „Куќата на мирис и вкус“ во Кавадарци.

Хаџиманов бил етномузиколог, фолклорист и мелограф, еден од најголемите собирачи на македонски народни песни и за време на својот живот собрал повеќе од шест илјади изворни народни песни, 500 тажалки и 700 албански народни песни.

Директорот на Музеј галеријата, Јаким Зимоски вели дека филмот опфаќа дел од животот на етномузикологот.

Настанот беше дел од традиционалната стопанско – културна и туристичка манифестација посветена на грозјето, виното и другите производи од грозје.

Музеј галеријата е на високо ниво вклучена во активностите што се организираат во рамките на „Тиквешки гроздобер“, нагласи Стојанче Рамов, претседател на Совет на Општина Кавадарци.

Продуцент на филмот е Миле Петковски. Сценариото и режијата се на Мишо Нетков. Директор на продукција е Диме Коцевски, а на фотографија, Тони Коцев.

Настанот беше збогатен и со музички дел. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.