Светската промоција на француското издание на драмата „Кирил и Методиј кои сте вие“ од Јордан Плевнеш, во издание на Куќата на Европа и Ориентот, се одржа синоќа на Универзитетот „Пантеон Асас Сорбона 2“ во Париз, со учество на престижна академска и книжевна плејада.
Промоцијата беше отворена од потпретеседателот на Универзитетот Фабрис Далмеида, еден од најпознатите француски интелектуалци кој, го истакна фактот дека токму на предлог на оваа институција Француската академија му ја додели на Јордан Плевнеш наградата Гранд При за животно дело.
Извадоци од драмата презентираше актерот на „Комеди Франсез“ Иг Баде, а специјалнен гостин на промоцијата беше Елена Стојчевска, професор по флејта на парискиот Конзерваториум „Моцарт“ која го презентираше делото за соло флејта од македонскиот композитор Томислав Зографски, посветено на Клод Дебиси.
Промоцијата му беше посветена на бесмртниот македонски актер Мето Јовановски (1946-2023), кој токму во Париз, како и низ повеќе градови на Франција, ја играше главната улога во пиесата „Европа” реализирана од група на македонски актери од Драмски театар и од францускиот театар „Ефемерид“, според романот на Ромен Гари во адаптација на Рене Калиски, во превод на Лилјана Плевнеш, а во режија на Патрик Вершурен. Тој во Париз ја доби Наградата „Актер на Југоисточна Европа“ од рацете на францускиот актер Тјери Фремон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.