Промоција на поетската книга „Живот на меѓукат“ од Јовица Ивановски, ќе се одржи во четврток (11 мај), во Културно-информативниот центар, во изложбениот салон „Империјал 1“, со почеток во 20 часот.

За книгата ќе зборува Ѕвездан Георгиевски, а песни ќе читаат Борче Николовски и актерот Исмет Шабановиќ.

Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година.

Автор е на седумнаесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“, на Струшките Вечери на Поезијата, за книгата „Човек“ (2019). Сè уште живее и работи во Скопје.

 

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.