Зборникот на трудови од меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“ ќе биде промовиран вечерва од 19 часот во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Како што информираат организаторите, трудот ќе го претстави професор д-р Кристина Николовска, која ќе одржи и беседа за делото и творештвото на Анте Поповски, а присутните ќе имаат можност да слушнат и кус рецитал – изворно со гласот на Анте Поповски, но и снимки од негови песни во интерпретација на познати артисти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.