На 22 декември (петок), во просториите на Europe House Скопје, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи промоцијата на „Збирка аудиодрами од Горан Стефановски“.
На постоечката платформа за аудио книги Самоглас, додадени се аудиодрамите „Гоце“, „Дупло дно“ и „Диво месо“. Ова е нова категорија која го збогатува постоечкиот каталог и ги промовира радиодрамите, како еден речиси заборавен медиум.
На аудиодрамите работеа професионални актери и режисери со кои што се истражија креативните пристапи на овој медиум, а притоа давајќки нови решенија на добро познатите драми на Горан Стефановски.
Благодарност за посветеноста на Владимир Николовски, Дамјан Костовски, Александар Ивановски, Томислав Давидовски, Владимир Петровиќ, Кире Ацевски, Марина Поп-Панкова, Андреј Лалчевски, Елена Кузманов, Томе Станковски, Горан Ников, Лазар Христов, Лео Поповиќ, Мирјана Трпковска, Теоман Максут, Леонардо Лазов, Јована Спасиќ и Виктор Велевски. Особена благодарност до Игор Стефановски кој што го позајми гласот во воведните делови на аудиодрамите и кој што преку Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски ги овозможи авторските права за истите.
Ова е одличен начин да се приближи творештвото на Горан Стефановски и да се освежи македонскиот медиумски интернет простор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.